Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 57 милиони, а последните милион случаи се регистрирани во последниот 1,5 ден .Во Европа,заболените од корона умираат на секои 17 секунди.
Според веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот се регистрирани 57.129.893 случаи на заразени.
Од Ковид-19 досега во светот умреле 1.363.451 лице, а 39.630.160 се излекувале.
Во моментов, во светот има 16.136.282 активни случаи на инфицирани со коронавирус.
Најголем број на заразени лица има во САД-над 12 милиони, следена од Индија со речиси девет милиони и Бразил, каде што бројот на заразени се приближува до шест милиони.
Од европските земји, најпогодена е Франција, која е четврта во светот со 2,08 милиони, а шеста е Русија со малку над два милиона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.