Обединетите нации имаат дефицит од 230 милиони американски долари и би можело да им снема пари до крајот на овој месец, рече во понеделникот генералниот секретар Антонио Гутереш.
Во писмо упатено до 37.000-те вработени во секретаријатот на ООН Гутереш рекол дека треба да се преземат неодредени „дополнителни мерки за надминување на јазот“ за да се обезбедат плати и придонеси.
Земјите-членки платија само 70% од вкупниот износ потребен за нашите редовни буџетски операции за 2019 година. Ова на крајот на септември ќе се претвори во дупка од 230 милиони американски долари. Ризикуваме до крајот на месецов да ги исцрпиме нашите резерви за одржување ликвидност“, напиша тој.
Гутереш, наводно, веќе побарал од земјите-членки да ги зголемат придонесите кон светското тело за да се спречат проблеми со протекот на пари, но тие одбиле.
Без сумата што ја плаќа за мировните операции, буџетот на ООН за 2018-2019 година е близу 5 милијарди евра, при што Соединетите Држави учествуваат со 22 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.