Австрија, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка планираат да ги комплетираат брзите железнии линии кои ќе ги поврзат Будимпешта, Виена и Варшава во следните десет години. Проектот, кој ќе ги поврзува земјите од групата В4, ќе биде финансиран со Европската Унија во износ од скоро две милијарди евра.

Линијата Будимпешта – Виена ќе почнува во прометните југозападни предградија на унгарската метропола, по што ќе се упати кон старата престолнина Шекешфехервар и Ѓор, на пат кон Виена, а оттаму кон Словачка и Варшава. Предвидено е возовите да се движат со брзина од 250 до 300 километри на час, а годишно до 20 милиони патници да ја користат новата линија. Се смета дека намалувањето на автомобилскиот сообраќај само во Будимпешта ќе спречи испуштање на 4,000 тони јаглерод диоксид. Кога проектот ќе биде завршен, од Будимпешта до Прага ќе може да се патува за три и пол часа, а до Варшава – за пет и пол часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.