Со 23 гласа „за“ и 11 „против“, во Европската Комисија во Брисел се изјаснија дека го прифаќаат предлогот за укинување на промената од лтно на зимско сметање на времето и обратно.
Иако требаше поместувањето на стрелките на часовникот да биде укинато во оваа 2019 година, сепак, неколку земји членки на ЕУ побараа уште малку време како подготовка.
Според планот на ЕК, секоја земја членка може сама да одлучи во која временска зона ќе остане, и тоа државите треба да го соопштат до 2020 година.
Европскиот парламент за укинување на промената на времето на пленарна седница ќе расправа и гласа најверојатно на крајот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.