Истополовите парови ќе можат да стапат во брак во Швајцарија од 1 јули следната година, соопшти денеска владата во средата, прифаќајќи ги резултатите од референдумот одржан во септември, пренесе Ројтерс.
Паровите кои веќе склучиле граѓанско партнерство, дозволено од земјата од 2007 година, нема да мора дополнително да се венчаат.
Швајцарија е една од ретките преостанати земји во Западна Европа каде на хомосексуалците сè уште не им е дозволено да стапуваат во брак.
Промената ќе ги стави истополовите партнери во земјата на еднаква правна основа со хетеросексуалните парови, вклучително и со тоа што ќе им дозволи да посвојуваат деца и да го спонзорираат нивниот партнер за да добијат државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.