Француската Влада е под силен притисок на јавноста да преземе мерки за да се забрза имунизацијата против корона вирусот, а најмногу критики добива претседателот Емануел Макрон, кој се посочува како одговорен за бавната вакцинација.

како што обајвуваат француските медиуми, досега се вакцинирани само неколку стотици луѓе  во Франција, во споредба со повеќе од 200.000 во Германија и околу милион во Велика Британија.

Она што го гледаме е владин скандал. Работите треба да се забрзаат. На Французите им треба јасност и силни пораки од Владата дека знае каде оди. Сепак, таа не остава таков впечаток – изјави Жан Ротнер, претседател на регионалниот совет на Гранд Ест, каде што има голем скок на инфекции со Ковид-19.

Други локални политичари сметаат дека Франција станала за потсмев пред светот бидеќи, според нив, во Франција се вакциираат за една недела онолку луѓе колку што во Германија се вакцинираат за 30 минути.

Според француското Министерство за здравство, од 1 јануари досега вакцинирани се само 516 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.