Американските државни обвинители побараа доживотна казна за мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, кој беше прогласен за виновен во февруари за планирање убиства и шверц на дрога.
Агенцијата АП пренесува дека федералните власти во документ кој вчера бил поднесен до судот, покрај доживотен затвор за Ел Чапо побарале и изрекување казна од дополнителни 30 години.
Се наведува дека обвинителите од судиите исто така побарале да наредат враќање на имот на жртвите во износ што треба дополнително да биде утврден.
Адвокатот на Ел Чапо, Џефри Лихтман, го оцени тврдењето на обвинителот како површно и рече дека враќањето се однесува на теоретски пари, а не реални, додавајќи дека американската влада допрва треба да ги лоцира и конфискува наводните 12,6 милијарди долари на Гусман, кои, како што се верува, ги зараобтил од шверц на дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.