Канцеларијата на јавниот обвинител во Њујорк соопшти дека истрагата за компанијата за недвижнини на Доналд Трамп „веќе не е чисто граѓанска“ туку се испитува „во криминално својство“.

Фабиен Леви, портпаролот на јавната обвинителка на државата Њујорк, Летисија Џејмс, за Би-Би-Си изјави дека ја информирале Организацијата Трамп дека истрагата за „веќе не е чисто граѓанска по природа.

Сега, заедно со јавниот обвинител на Менхетн, активно ја истражуваме Организацијата Трамп во криминално својство. Немаме дополнителен коментар – соопшти Леви.

Во соопштението не се наведува што ја претворило истрагата од граѓанска во крична, ни дали и поранешниот претседател е лично вмешан во какви било обвинувања.

Џејмс почна граѓанска истрага во март 2019 година во врска со тврдењата дека Трамп вештачки ја зголемил вредноста на неговите имоти пред банките кога барал заеми, а ги намалил за да ги намали даноците.

Нејзината канцеларија исто така бара документи за четири имоти на Организацијата Трамп во Менхетен, северниот дел на Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес.

Трамп негира дека направил кривично дело и вели дека истрагата на демократската обвинителка е политичка одмазда.

Џејмс внимателно ги разгледуваше финансиските зделки на поранешниот републикански претседател пред да ја преземе функцијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.