Ерменија и Азербејџан треба да обезбедат спроведување на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах, соопшти во вторникот групата на ОБСЕ Минск.

Претходно истиот ден, Азербејџан ги обвини ерменските трупи за ракетирање на нејзина територија, а силите на самопрогласената република Нагорно-Карабах изјавија дека Азербејџан го гранатира регионот.

Ерменија ги негираше сите обвинувања на Азербејџан и коментираше дека Баку ги користи тврдењата за да започне „агресивни операции против мирни населби“.

Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Москва на 10 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.