Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Арлем Десир денеска предупреди дека пандемијата со ковид-19 придонела медиумите на премногу места во светот да се соочат со сериозни проблеми, вклучувајќи и тешка економска состојба.
Фактот што толку многу новинари се соочуваат со кривично гонење, осуди и притвор за известување за прашања од јавен интерес останува еден од најголемите предизвици за регионот на ОБСЕ. Јас интервенирав неколкупати во изминатите седум месеци поради приведување или гонење новинари, вели Десир во извештајот што денеска го претстави пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
Десир на Твитер апелира дека „државите мора да обезбедат подобра заштита на медиумите, да се борат против неказнување за злосторства против новинарите, да ја почитуваат независноста на медиумите и да го поддржат плурализмот, а не да го задушат“.
Десир исто така истакна дека медиумите во земјите -членки на ОБСЕ трпат и големи економски загуби.
План за силна економска поддршка е итно потребен за да се спаси овој сектор, што е од витално значење за животот на нашите општества, потенцира тој, додавајќи дека „медиумскиот плурализам е загрозен со ограничување на изворите на информации за јавноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.