Претседателството на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) на белоруската влада ѝ предложи посредување со цел да се воспостави „отворен и конструктивен дијалог“.
Официјалната понуда за посета на актуелниот претседател на ОБСЕ, премиерот на Албанија – Еди Рама, беше доставена до владата, за да се сретнat со него и со претставниците на опозицијата – се наведува во соопштението од организацијата со седиште во Виена.
Во соопштението се изразува загриженост за одржаните претседателски избори и ситуацијата по нив.
Ја повторуваме нашата загриженост за претседателските избори на 9 август 2020 година, кои не беа надгедувани од ОБСЕ, како и за употребата на сила против мирните демонстранти, општото притворување и наводите за тортура од страна на безбедносните сили – се вели во соопштението.
Најмалку 5.000 луѓе демонстрираа синоќа во главниот град Минск, барајќи заминување на шефот на државата, Александар Лукашенко, реизбран за шести мандат. Според изборната комисија, Лукашенко освоил 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август, кои ги оспорува опозицијата.
По изборите, во Белорусија секој ден се одржуваат протести. Демонстрантите го обвинуваат Лукашенко за лажирање на претседателските избори и бараат негова оставка по 26 години на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.