Ирак привремено и ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс, откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци.

Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според Ројтерс, привремено и ја одземала лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување.

Ројтерс доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.