Се појави видео на интернет на кое се гледа младиот црнец, Деон Кеј, пред да стане жртва на полициското пукање, како мавта со пиштол неколку моменти пред неговиот обид за апсење и фаталната потера.
Полицијата го застрелала осумнаесетгодишникот Деон Кеј за време на потера по него откако одговорила на повик за „човек со пиштол“ во автомобил. Кога се соочил со полицијата, Кеј истрчал од автомобилот, но бил застрелан за време на кратката потера по него. Подоцна тој им подлегнал на повредите.
Видеото е симнато од профилот на Кеј на Инстаграм, кој подоцна бил деактивиран. На него се гледа Кеј и друга личност, чие лице е покриено со марама, како вперуваат пиштоли кон камерата додека слушаат музика во возило.
Вториот осомничен, наводно е уапсен, но не бил застрелан откако и тој исто така избегал од местото на настанот. Две други лица, именувани како Марсиел Смит и Деонте Браун, кои останале во возилото се уапсени. Наводно, кај Смит бил пронајден и пиштол.
Инцидентот предизвика нов бран демонстрации на „Црните животи имаат значење“ во главниот град на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.