Европскиот центар за превенција и контрола на болести ја ажурираше картата која прикажува 14-дневна зараза на 100.000 жители, па така ги рангира регионите од поединечни држави по стапката на ризик од Ковид-19.

На најновата корона-карта повеќе не се само некои делови од Хрватска во црвената зона, туку цела земја е означена со таа боја.

Освен Хрватска на новата карта со црвена боја се означени и Шпанија и Португалија, делови на Франција, Германија, Австрија, Словенија, Унгарија, а Скандинавските земји и натаму се во портокалова зона.

Епидемиолошката карта за Европа се објавува секоја седмица врз основа на 14-дневно набљудување и удел на позитивните тестови на Ковид-19 од вкупниот број на тестирани луѓе.

ТУКА може да ја погледнете корона-картата која европскиот центар за превенција и контрола на болести ја објави минатата седмица.

Инаку, централна Европа претежно е обоена во зелено на новата корона-карта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.