Aмериканскиот државен секретар, Ентони Блинкен, при неговата прва посета на Германија, треба да се сретне со канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас.
Планирано е Блинкен да присуствува на Конференција за либискиот конфликт во Берлин, на која исто така Русија, Египет, Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе имаат свои претставници.
В четвртокот, Мас и Блинкен планираат да потпишат договор за споменик на убиените Евреи во Европа за поблиска соработка меѓу двете земји за сеќавање на холокаустот.
Средбата Блинкен – Мас ќе се фокусира на нов почеток во односите меѓу САД и Германија, откако истите беа нарушени за мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.