Филипинската полиција го опколила трговскиот центар во кој еден вооружен напаѓач утринава отвори оган, рани едно лице, и зема 30-тина лица за заложници.
Инцидентот се случи во V-Молот во Сан Хуан, во Манила, пренесоа американските медиуми.
Според последните информации, работниците на обезбедувањето на трговскиот центар се извиниле заради пропустот што дозволиле заложничка криза. Како решение на настанатата криза тие ги понудиле своите оставки.
Напаѓачот е поранешен работник на обезбедувањето на молот, кој бил незадоволен затоа што бил отуштен од работа.
Интересно е дека напаѓачот се обидел своите поранешни колеги од обезбедувањето да ги убеди да прејдат на негова страна.
Градоначалникот на Сан Хуан, Франсис Замора, на новинарите им изјавил дека напаѓачот како заложници држи околу 30 лица. Тој додал дека точниот број на заложници засега не се знае.
Замора навел дека незадоволниот поранешен обезбедувач на молот ранил едно лице, кое сега е во стабилна здравствена состојба во блиската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.