Светската Асоцијација за вакцини (ГАВИ) соопшти дека обезбедила 775 милиони долари за финансирање на испораките на вакцини против Ковид-19 во сиромашните земји кои исполнуваат услови за поддршка во текот на следните две години.
Во соопштението по дводневниот состанок на Комитетот на ГАВИ во Женева, е најавено дека поставената цел, која вклучува испорака на 1,8 милијарди дози вакцини во државите со пониски примања, ќе се постигне во првиот квартал на 2022 година.
Механизмот Ковакс, управуван од ГАВИ, заедно со Светската здравствена организација, од февруари досега испорачале 90 милиони дози вакцини во 132 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.