Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави огромни кинески инвестиции и пристап до кинеските вакцини против коронавирусот по конференцијата на средно-европските држави со Кина која се одржа вчера.
Традиционалната конференција на лидерите на групата од 17 европски држави и кинескиот претседатело Си Џинпинг се одржа преку видео-врска. Средбата е форум преку кој европските држави обезбедуваат кинески инвестиции за развој на нивната инфраструктура, а оваа година фокусот е ставен на борбата против пандемијата.
Му благодариме на претседателот Си што ја свика средбата во овие тешки околности. Пандемијата не исфрли од нашиот комфор и отвори нова ера во светската економија и политика. Таа отвори двоен предизвик пред владите – како да ги заштитиме животите на нашите граѓани, а воедно да ги зачуваме работните места, изјави Орбан.
Според унгарскиот премиер, светот е влезен во втора трка по ресурси – „на почетокот бевме во потрага по маски и респиратори, а сега по вакцини“.
Унгарија бргу постигна согласност за набавка на големо количество кинески вакцини, и ја одобри вакцината на Синофарм за употреба. Во текот на месецов се очекува да пристигнат првите дози, а до април, секој месец, Унгарија ќе добива по 250,000 дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.