Тукушто родено бебе во Лондон, Велика Британија е најмладoто лице заразено од коронавирус. Во исклучително тешка состојба е неговата мајка, пренесуваат британските медиуми.
Бремената жена била донесена во болница во Лондон со тешко запаление на белите дробови, каде се породила. Веднаш е направен тест за коронавирус и двата биле позитивни. Докторите не знаат дали бебето се заразило додека било во утробата на мајката или откако е родено.
Во Велика Британија бројот на заразени порасна само за еден ден за повеќе од 200. Моментално има 800 пациенти заболени од КОВИД 19, а досега починале 11.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.