Левичарскиот поборник за независност на Каталонија, Пере Арагонес (38) е избран за претседател на каталонската регионална Влада. Тој по изборот вети дека преку дијалог автономната покраина ќе отцепи од Шпанија. Засега не е можно едностраното прогласување на Република Каталонија.
„За“ Арагонес гласаа 74 од 135 пратеници. Тој е избран само пет дена пред крајниот рок за формирање влада.
Каталонска републиканска левица (ЕРЦ) на Арагонес во 2017 година учествуваше во организирањето референдум за независност, што беше забранет од шпанскиот Уставен суд. Обидот заврши со осуди и затворски казни за организаторите.
ЕРЦ и десноцентристичката партија Заедно за Каталонија (ЈхЦат) која се залага за независност, дури на 19 мај успеаја да се договорат за коалициска влада. Изборите се одржаа на 14 февруари и ако до 26 мај не договореа влада ќе се организираа нови парламентарни избори.
Најголем предизвик за Арагонес ќе биде надминување на разликите помеѓу ЕРЦ и ЈхЦат за независноста на Каталонија. Двете партии сè уште немаат постигнато договор за следниот чекор кон посакуваната независност.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е против независноста на Каталонија, минатата година отпочна разговорите со каталонската Влада, чиј потпретседател беше Арагонес. ЕРЦ го поддржа социјалистот Санчез во шпанскиот Парламент на почетокот на 2020 година, кога му беше доделен нов мандат.
Владата на Санчез соопшти дека ќе ги продолжи разговорите веднаш штом ќе се формира нова влада во Каталонија. Иако разговорите се очекува да продолжат наскоро, позициите за референдумот и независноста остануваат целосно спротивставени.
На изборите во февруари, Социјалистичката партија на Санчез освои најмногу гласови во Каталонија, но недоволно за самостојно формирање влада. Потоа, трите партии за независност, со повеќе од половина од своите места во Парламентот, одлучија заедно да формираат влада.
И Каталонците се поделени за независноста на автономната шпанска покраина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.