Повеќе од 1,5 милион лица во Латинакс Америка се заразени со коронавирус, од кои повеќето од половината се во Бразил, пренесуваат светските агенции.

Во најголемата земја на Латинска Америка потврдени се нови 17.110 случаи на Ковид-19,  со што вкупниот број на заразени лица во оваа земја сега изнесува  867.624, соопшти бразилското Министерство за здравство, јави Си-Ен-Ен. Регистрирани се уште и нови 612 смртни случаи, со што вкупниот број сега изнесува 43.332.

Бразил е на второто место во светот според бројот на инфекции од коронавирус, но и на смртни случаи, по САД. Оваа земја, исто така, е една од ретките големи земји каде бројот на заразени и мртви од вирусот продолжува да расте и е најтешко погодена од пандемијата од сите земји во Латинска Америка.

Зад Бразил во Латинска Америка е Перу со над 200.000 заразени од кои 6.000 лица досега починаа.

Мексико се приближува до бројката од 150.000 заразени со коронавирусот, пренесуваат агенциите и додаваат дека мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се потврдени уште 4.147 случаи на Ковид-19 и дека од инфекцијата починаа уште 269 лица. Со ова вкупниот број заразени во Мексико достигна 146.837, а вкупно починати се 17,141 лица, пренесуваар британските медиуми. Мексиканската Влада соопшти дека вистинскиот број на заразени лица е веројатно значително поголем од официјалните бројки.

Повеќе од 50.000 случаи на коронавирус се потврдени и во Колумбија, додека соседниот Еквадор се приближува до таа бројка, додаваат британските медиуми. Колумбија соопшти за 50.939 случаи на коронавирус, а од инфекцијата починаа 1.667 луѓе.

Во Еквадор има повеќе од 46.700 заразени, а 3.896 лица веќе умреле. Пандемијата од Ковид-19 го преоптовари здравствениот систем на Еквадор и во некои случаи властите беа принудени привремено да ги чуваат телата на загинатите во ладилници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.