Видео снимка од полицаец од Пенсилванија кој клечи на вратот од главата на маж за време на приведување предизвика бес кај демонстрантите и осуда за властите, пренесува ЕнБиСи.
На снимката не се гледа што ја предизвикало конфротацијата пред болницата во Алентаун, северно од Филаделфија, но се гледа како тројца полицајци држат човек кој лежи со лицето надолу и вика.
Се гледа и како еден од полицајците со колено и рамо ја притиска главата и вратот на човекот.
ЕнБиСи наведува дека полицаецот е белец, а дека уапсениот маж е црнец.
Снимката е објавена на фејсбук, по што движењето „Животите на црнците се важни“ побара полицијата да ги објави нејзините снимки и да ги суспендира полицајците вмешани во инцидентот.
Движењето „Животите на црнците се важни“ настана во Минеаполис откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина поради тоа што полицаец за време на неговото приведување клечеше на вратот на Флојд. Тоа предизвика низа протести кои траеа со недели ширум САД и во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.