Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро-станица во германскиот град Изерлон, соопшти германската полиција. На лице место уапсен е 43-годишен маж, кој е осомничен за нападот над 32-годишна жена и помладо момче на возраст од 23 години, пренесе АП.
Ова е третиот смртоносен напад на железничка станица во Германија за помалку од еден месец, а според полицијата овојпат се работи за „насилство во врската“.
Изминатите седмици во Германија се случија уште две слични убиства на железнички станици. Момченце на осумгодини загина на 29-ти јули во Франкфурт, кога заедно со мајка му под воз ги турна 40-годишен Еритрец кој живеел во Швајцарија, и кој сега е ставен на психијатриска терапија.
Претходно на 20-ти јули во Верде 34-годишна мајка беше турната од перон на шините. Загина под налетот на воз кој пристигнувал. Беше соопштено дека 28-годишен маж, наводно нејзин познаник, ѝ се приближил на жената од задгрб и ја турнал на шините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.