Ширењето на различни соеви на вирусот корона нема да предизвика нов бран на пандемијата уверува СЗО.

Според првите луѓе на СЗО, претпазливоста е клучна во сегашната ситуација, бидејќи новите соеви можат да предизвикаат повторна инфекција и побрзо ширење на заразата, што може да биде голем предизвик за здравствените системи на одделни земји, кои се соочуваат со пандемија велат од СЗО. Согласни се и дека новите соеви можат да влијаат на ефикансоста на досега равиените вакцини и дека ќе биде потребно нивно модифицирање.

Варијантата на корона што за прв пат беше откриена во областа Кент во септември најверојатно ќе се прошири низ целиот свет вели британскиот научник Шерон Пикок. До сега е потврдена во над 50 држави Короната досега уби 2,35 милони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.