Бројот на нови случаи на корона вирус во светот продолжува да се зголемува оваа недела, но остануваат многу пониски отколку на почетокот на годината, покажуваат резултатите објавени од западните медиуми од нивните официјални бази на податоци.

Оваа недела се регистрирани 523.800 нови инфекции дневно, што е 13 проценти повеќе од претходната седмица.

Растот се набљудува повеќе од еден месец по едномесечно намалување на почетокот на годината, кога новите случаи двојно се намалија. Сепак, сегашното зголемување е далеку од негативниот рекорд поставен во неделата од 5 до 11 јануари (743.600 новоинфицирани за едно деноноќие).

Оваа недела, само во Канада и во САД, новите случаи на зараза се намалени (за осум проценти), а на Блискиот Исток се забележува стабилизирање. Зголемување има во другите региони (50 проценти во Азија, 15 проценти во Европа, девет отсто во Латинска Америка и Карибите и седум проценти во Африка).

Во Океанија бројот на нови инфекции е речиси тројно зголемен. Сепак, станува збор за просечно 326 нови случаи дневно, а растот се должи на епидемијата во Папуа Нова Гвинеја, каде што се регистрирани околу 300 нови инфекции во период од 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.