Предвидениот економски раст од 5,8 отсто од француската влада за 2021, ќе треба да се ревидира надолу, јави дописникот на МИА.
Министерот за економија уште еднаш ги подготвува духовите за економскиот раст за 2021 година под она што го очекуваше владата досега. Новите здравствени ограничувања воведени во Франција ќе имаат економско влијание врз растот, оцени министерот за економија и финансии, Бруно Ле Мер.
Овие мерки ќе имаат влијание врз економскиот раст во 2021 година. Во моментов го проценуваме. Ќе има нова проценка во наредните денови – изјави Бруно Ле Мер за ЦЊуз.
Без да даде какви било бројки, тој призна дека досега предвидената прогноза за раст на БДП од 5,8 отсто може да се ревидира надолу.
Очигледно е дека кога ќе затворите 150.000 продавници, кога имате цел еден дел од туристичката активност што не може да работи, кога имате затворено училишта, тоа ќе има влијание – објасни Бруно Ле Мер.
Во обид да се запре „третиот бран“ на епидемијата, Емануел Макрон во средата вечерта објави нови ограничувања што важат за целата територија. Меѓу највидливите мерки е затворањето на училиштата за период од три недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.