Вредноста на биткоинот се намали за речиси 8,0 отсто по извештаите за појавата на нов сој на корона вирусот во Јужна Африка, кој потенцијално е отпорен на вакцините.

Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар.

Вредноста на биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври.

Според научниците, новиот вид на корона вирусот, што беше откриен во Јужна Африка, во Боцвана и во Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото и да биде попренослив и заразен од Делта сојот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.