Новиот ирански претседател Ебрахим Раиси ги осуди американските санкции воведени против неговата земја, наведувајќи дека тие се нов начин на војна.
Раиси им се обрати на учесниците на сесијата на Генералното собрание на ОН преку видео порака од Техеран, додека околу 100 шефови на држави и влади присуствуваат на состанокот во Њујорк.
Раиси, кој положи заклетва минатиот месец, истакна дека САД го загубиле кредибилитетот наметнувајќи ја својата хегемонија врз други земји.
Денес, на светот не му значат пораките „Америка на прво место“ или „Америка се врати“ – изјави Раиси, алудирајќи на паролите што ги користеа поранешниот американски претседател Доналд Трамп и сегашниот Џо Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.