Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, лично вакцинираше две деца за време на посетата на центарот за вакцинација во Хановер.
Оваа недела во Германија почна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.
Лаутербах го посети центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер, каде група деца на таа возраст дојдоа на вакцинација. Министерот лично вакцинираше две деца.
Сметам дека е потресно и впачатливо колку деца настрадаа за време на пандемијата. А, најмалку што можеме да дадеме за возврат е да им обезбедиме на децата вакцини – изјави Лаутербах додека ја даваше вакцината.
Социјалдемократот Лаутербах стана министер за здравство на 8 декември. По образование е доктор и епидемиолог. Од почетокот на пандемијата, тој стана еден од најдобрите јавни експерти на темата за корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.