Италијанска новинарка со парче пармезан и порака за американскиот претседател Доналд Трамп го прекина сликањето на Мајк Помпео и италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Имам подарок за вас – италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан Реџиано и тоа е нешто што ние во Италија најдобро го правиме”, рекла Аличе Мартинели, додека Помпео љубезно го примил парчето автентичен италијански кашкавал, пренесува “Washington Post”.

Меѓутоа, на Конте не му се допаднала целата ситуација.

Може ли да ја замолам дамата да се тргне?”, изјавил Џузепе.

Би ви била благодарна доколку би помогнале и вие”, му одговорила новинарката, на што тој додал: “Не грижете се, јас си ја вршам работата”.

Однесете му го на господинот Трамп, ве молам, и кажете му дека го правиме од сето срце”, му кажала Аличе на Помпео, додека припадниците од обезбедувањето интервенирале таа да биде испратена од сцената.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.