Бомбаш самоубиец од групата Ал Шабаб денеска во Могадишу изврши самоубиство, а воедно уби и познат сомалиски новинар, а во терористичкиот напад се повредени уште неколку лица.
Новинарот Абдијазиз Мохамед Гулед, попознат како Абдијазиз Африка, известуваше за активностите на терористичката група Ал Шабаб за сомалиската држава „Радио Могадишу“.
„Мојот братучед Абдијазиз беше убиен од бомбаш самоубиец веднаш откако излегол во ресторан, починал на пат кон болница“, изјавил неговиот братучед Абдулахи Нур за Ројтерс.
Ал Шабаб потврди дека стои зад убиствата, а оваа исламистичка организација често изведува слични терористички напади.
– Муџахедините долго време го ловат Абдијазиз. „Тој изврши злосторства против исламот, учествуваше во убивање муџахедини“, изјави за Ројтерс по телефон Абдијасис Абу Мусаб, портпарол на Ал Шабаб.
Четири лица се повредени во нападот, кој се случил во близина на фреквентен ресторан, потврдија очевидци за Ројтерс.
Еден од повредените е директорот на Сомалиската национална телевизија, објави медиумската куќа на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.