Бројот на лица заразени со новиот корона вирус во Словенија се зголеми на 25, откако докторите потврдија уште два нови случаи.
Една од ново заразените е медицинско лице кое работи во Универзитетската клиничка болница во Љубљана. Во превентивен карантин се ставени и другите вработени кои имале непосреден контакт со неа.
Од денес во Словенија стапуваат на сила мерките кои вчера ги донесе Советот за национална безбедност. Сите собири во затворено над 100 луѓе ќе бидат забранети, вклучувајќи културни и спортски настани. На копнените гранични премини и аеродромот Брник се поставени термални камери и се проверуваат сите кои влегуваат во земјата.
Ако продолжи да расте бројот на ново заразени предвидено е затворање на сите градинки и училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.