Во Колумбија е потврден рекорден број нови случаи на коронавирус – 10.673, а вкупниот број на заразени достигна 306.198, соопшти Министерството за здравство.
Колумбија е на 11 место во светот по бројот на заразени со коронавирусот.
Уште 225 лица починале од Ковид-19, што е најмал број на смртни случаи во последните 10 дена.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 10.330, јави „Си-Ен-Ен“.
Вонредната состојба во Колумбија беше продолжена до 30 август, но во некои делови на земјата започна делумно отворање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.