Досега влезот беше дозволен само со вакцините Фајзер, АстраЗенека, Модерна и Џонсон, но владата на Велика Британија од 22 ноември ќе ја прошири листата на вакцини, па на истата ќе се најдат и Синовак, Синофарм и Коваксин.
За целосно вакцинираните лица не е потребен карантин.
За влез во Англија се неопходни резервиран и платен COVID-19 тест кој ќе биде направен вториот ден при влез во земјата, како и Passenger Locator Form.
По пристигнување во Англија потребно е да се направи претходно резервираното тестирање вториот ден или порано.
Доколку во земјата сака да влезе лице кое прележало COVID-19 или има примено само една доза, мора да ги почитува правилата за невакцинирани патници.
Невакцинираните патници може да влезат во земјата со негативен тест(не постар од 72 часа), да ги резервираат и платат тестовите кои ќе ги прават откако ќе влезат и да го пополнат PLF формуларот. Задолжителен е карантин кој трае 10 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.