Речиси половина од 25 милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради карантинските мерки за спречување на ширењето на делта сојот на корона вирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.

Австралиските власти соопштија дека во државата Викторија локдаунот ќе биде продолжен и по утрешниот ден, како однапред утврден рок, и покрај благиот пад на бројот на нови инфекции.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека карантинските правила нема да бидат укинати, бидејќи има уште нови случаи на Ковид-19, и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Во Викторија, втора по бројност држава во Австралија, чиј главен град е Мелбурн, денеска се потврдени нови 13 локални случаи на инфекција, три помалку од претходниот ден, додека државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, јави за 98 нови случаи на локална инфекција, седум помалку од претходниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.