Кина денеска пријави најголем број нови случаи на коронавирус во последните речиси шест недели, обидувајќи се да го спречи вториот бран инфекции од Ковид-19, јави ДПА.

Кинеската здравствена комисија утринава информира за 108 нови случаи на инфекции, вклучувајќи ги и 98 случаи на вратени од странство. Останатите десет се заразени со локална трансимисија.

Германската агенција наведува дека е ова највисоката бројка на новозаразени уште од 6 март, кога здравствените власти изброија 143 нови случаи.

Кина е фокусирана на напорите за превенција од втор бран на Ковид-19, особено меѓу Кинезите кои се враќаат од странство.

На 28 март беше забранет влез за странците во Кина. Сепак, државните медиуми јавуваат дека патниците кои ја преминуваат границата од Русија го шират коронавирусот во кинескиот пограничен град Суифене, во североисточната провинција Хајлонџијанг.

Според „Ворлдометар“, Кина досега пријави 82. 160 случаи на заразени со коорнавирус, 3. 341 мртви и 77. 663 излекувани пациенти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.