Официјални лица од германската држава Баден-Виртемберг соопштија дека за првпат во регионот е регистраран случај од новата мутација на корона вирусот што многу брзо се прошири во Велика Британија.
Заразениот човек пристигнал во Франкфурт со авион од лондонскиот аеродром „Хитроу“ на 20 декември за да посети роднини. Тој бил позитивен на тестот што го направил веднаш по пристигнувањето.
Понатамошната анализа на примерокот во лабораторија во Берлин покажала дека станува збор за секвенцата Б.1.1.7, како што е познат новата варијанта на вирусот.
Три лица кои биле во близок контакт со заразениот се во карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.