Реализам, поголема транспарентност и логичен напредок во преговорите – ова ќе го бара Новата Европска Комисија, која допрва ќе конструира нова рамка. Според фондацијата Роберт Шуман се прогнозира дека во наредниот период од Европскиот Парламент, ќе се бара да создадат „годишни конференции за членство“ кои ќе го разгледуваат процесот со претставниците на парламентите на земјите-членки и граѓанското општество.

Дел од европските анализи велат дека Французите бараат нов процес и методологија за влез, но во исто време постапуваат спротивно на тоа.

Никола Буразер програмски директор на Центарот за современа политика Белград – Она што е потребно да се нагласи е дека процесот за реформирање не е никако оправдување за Македонија и Албанија да не добијат датум за старт на преговори. Пред се затоа што ова отворање на преговорите би било во склад со таа некоја нова методологија, нов пристап кои го заговараат во ЕУ, а тоа е земјите кои направија најмногу реформи и решија билатерални спорови да им се даде финансиски средства и наградат. Одлуката на Франција да не се направи тоа оди комплетно во спротивен правец и слабо е оправдувањето на Франција дека тој процес прво треба да се реформира.

Во изминатиот период најмногу се критикува одлуката на францускиот претседател Макрон, кој реши да стави пауза за членство на земјите од Западен Балкан, но веќе е јасно дека досегашната европска методологија не функционира најдобро, а доказ за тоа се Србија и Црна Гора кои се далеку од влез.

Никола Буразер програмски директор на Центарот за современа политика Белград – Премногу е рано да заборуваме дали таа реформа која ја бара Франција ќе се случи, но мора да кажам дека таа потребна. Ако го погледнеме случајот со државите кои предничат во процесот, тоа се Србија и Црна Гора – можеме да видиме дека ситуацијата е лоша . Слободата на медиумите, владеење на правото, факт е дека овој ситстем кој постои сега, едноставно не функционира, а перспективата која минатата година ја вети Европската Комсија за стратегијата на Западен Балкан, дека барем овие две држави ќе влезат во ЕУ до 2025та, веќе гледаме дека е невозможна. Така да навистина е потребно да се направи механизам кој ќе ги мотивира државите на Западен Балкан, како на пример финансиски инекции, но секако да биде јасно и прецизно и ветувањето за влез во Унијата ако се исполнат условите.

Во иднина, според извештајот на Роберт Шуман, од земјите кандидати ќе се бара повеќе. Претставниците на парламентот, локалните власти и граѓанското општество, кое вклучува стопански комори, професионални организации и невладини организации, ќе се бара да бидат широко вклучени во скринингот. Тие исто така ќе треба да бидат официјално вклучени и во текот на целиот процес за пристапни преговори со ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.