Силна експлозија вечерва одекна во централниот дел на главниот град на Ирак, јави локалниот ТВ канал Алсумарија.

Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, која е дел од специјално заштитената „зелена зона“, каде се наоѓаат главно странски амбасади и владини агенции. Други детали за инцидентот се уште не се соопштени.

Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими. Неговата резиденција која се наоѓа во „зелената зона“ била нападната од вооружени дронови. Шефот на ирачката Влада не е повреден и веднаш бил евакуиран на безбедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.