Две ракети лансирани од Либан рано утринава го активираа алармниот систем во северен Израел, каде што се огласија сирените за тревога.
Израелската армија соопшти дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесуваат британските медиуми. Другите агенции јавуваат дека во нападот нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.
Израелската армија соопшти дека една од ракетите била соборена од ПВО, а другата паднала врз ненаселена област.
Израел во 2006 година војуваше против движењето Хезболах, кое има упориште во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети.
По војната меѓу Израел и Хезболах од пред 15 години, границата оттогаш е релативно мирна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.