Кина стави град од 10 милиони луѓе „под катанец“ како би ја сузбила новата епидемија од коронавирусот, откако студент кој се вратил од Њујорк, заразил повеќе од 70 луѓе.
Големиот кинески град Харбин усвоил драконски карантински мерки против коронавирусот откако е откриена нова епидемија, јавува Дејли Меил.
Повеќе од 70 луѓе се заразени, а преку 4.000 се тестирани во Харбин, а се верува дека вирусот во градот го „увезол“ студент кој се вратил од Њујорк.
Официјалните лица го забраниле собирањето и наложиле на заедниците внимателно да ги следат нелокалните посетители и возила во градот од околу 10 милиони.
Поставени се контролни пунктови на аеродромите и железничките станици како би се прегледале оние кои доаѓаат од сите страни.
Веста доаѓа откако Кина објави дека во Вухан, поранешниот центар на пандемијата, останале само два критични пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.