Заменик-министерот за одбрана на САД, Патрик Шанахан, од први јануари следната година ќе го замени министерот Џим Матис, кој пред неколку дена си поднесе оставка, по одлуката на Доналд Трамп да ги повлече воените сили од Сирија. Ова денеска преку „Твитер“ го соопшти американскиот претседател.
I am pleased to announce that our very talented Deputy Secretary of Defense, Patrick Shanahan, will assume the title of Acting Secretary of Defense starting January 1, 2019. Patrick has a long list of accomplishments while serving as Deputy, & previously Boeing. He will be great!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 23, 2018
Со задоволство можам да објавам дека нашиот високо талентиран заменик-министер за одбрана, Патрик Шанахан, ќе биде министер за одбрана од 1 јануари 2019 година. Патрик има долга листа на достигнувања што ги постигна додека служеше како заменик-министер за одбрана. Тој ќе биде одличен, напиша Трамп.
Министерот за одбрана, Џим Матис во писмената оставка до претседателот Трамп посочи дека се повлекува бидејќи неговите ставови и погледи не биле во согласност со оние на претседателот.
Матис беше гласен критичар на администрацијата на Обама и неговата политика кон Блискиот Исток, пред се кон Иран. Одлуката да се назначи Матис за министер за одбрана, Трамп ја објави во декември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.