Вакцината против корона вирусот, „Абдала “, развиена од Куба, покажува ефекасност од 92,28 проценти против инфекцијата.

Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози. „Абдала“ е во последната фаза на клинички испитувања и треба да добие официјално одобрување од кубанските власти подоцна овој месец или на почетокот на јули.

Во саботата, кубанскиот институт за вакцинација Финли објави дека неговиот кандидат за вакцина „Соберана 2“ покажал 62 отсто ефикасност по аплицирање две од трите дози.

Поради ембаргото, Куба почна да развива свои лекови во 80-те години на минатиот век. Владата сега се надева дека во август ќе бидат вакцинирани 70 проценти од 11,2 милиони жители на Куба, а целото население до крајот на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.