Нов Зеланд ја елиминираше епидемијата на коронавирусот и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, најави премиерката Џасинда Ардерн, со што оваа јужнопацифичка земја е една од првите во светот што го направи тоа.

Владата од денеска на полноќ ќе ги укине мерките за физичко растојание и ќе премине од ниво 2 на вонредна состојба на ниво 1 – рече Ардерн.

Јавните и приватните настани, продавниците и угостителските објекти, како и целиот јавен превоз сега можат да почнат со работа нормално, без придржување кон физичко растојание кое е во сила во повеќето земји во светот.

Иако сега сме во побезбедна, посилна позиција, сепак нема да биде лесно да се вратиме на животот пред kовид-19. Го зачувавме нашето здравје со одлучност и истрајност, а сега треба да се фокусираме на економското закрепнување. Сѐ додека не е завршено, не можеме да кажеме дека е постигнато. Така, можам да завршам со едноставно: Ти благодарам, Нов Зеланд – истакна Ардерн.

На Нов Зеланд живеат околу пет милиони луѓе кои се изборија со пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.