Нов Зеланд нема да ги отвори границите кон светот уште долго време, изјави премиерката Џасинда Ардерн на состанок на кабинетот преку видеолинк.
Како што пренесува Би-би-си, на состанокот се разговарало за можноста за создавање „транстасмански меур“ преку кој луѓето би можеле слободно да патуваат меѓу Австралија и Нов Зеланд, без карантински мерки.
Сепак, како што рече таа, тоа уште долго нема да биде можно за посетителите од другите делови на светот.
Австралија и Нов Зеланд ги затворија границите за речиси сите странци, како дел од превентивните мерки за борба против вирусот ковид-19.
На овој континент се регистрирани најмал број заразени од новиот коронавирус – 8 435 и 116 починати. Во изминатите 24 часа се дијагностицирани нови 22 случаи на заразени и еден смртен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.