Новозеландскиот полициски комесар Мајк Буш изјави денеска дека напаѓачот на двете џамии во Крајстчерч, во кои беа убиени 50 луѓе, работел сам, но можеби имал поддршка.

Буш рече оти полицијата верува дека Брентон Тарант е единствениот напаѓач, но не е исклучено тој да имал поддршка од други луѓе и оти тоа
е „многу важен дел од истрагата“.

Напаѓачот, Австралиецот Брентон Тарант, беше уапсен неколку моменти по нападот во петокот и обвинет за убиство, а судијата завчера рече оти
можеби тој ќе се соочи и со други обвиненија.

Премиерката на Нов Зеланд денеска изјави дека нејзиниот кабинет ги договорил за измени на Законот за оружје, иницирани по нападот во Крајстчерч, кои ќе бидат донесени во рок од 10 дена од нападот.

Во петокот, Тарант изврши напади врз две џамии, при што загинаа 50 лица, а повеќе од 40 беа повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.