Нов Зеланд ќе го продолжи карантинот на национално ниво за уште четири дена во битката со Ковид-19.
Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19 пренесени во заедницата, со што кластерот откриен во Окленд достигна вкупно 107 лица.
Нов Зеланд беше ставен во тежок карантин во рок од само неколку часа откако во вторникот беше откриен еден случај, а веднаш се затворија сите училишта и несуштински бизниси.
Премиерката Jacинда Ардерн изјави дека земјата има „уште за изодување“ во борбата со пандемијата и официјалните претставници преземаат претпазлив пристап кон олеснување на ограничувањата.
Ни требаат повеќе информации. Не сакаме да ризикуваме со Делта сојот. Ако светот не научи на нешто, тоа е дека треба да бидеме претпазливи со оваа варијанта – рече Ардерн.
Целата земја ќе остане во локдаун барем до сабота. Оукленд, најголемиот град во земјата и местото каде се наоѓаат повеќето случаи, ќе остане под карантин најмалку до 31 август.
Се уште не веруваме дека го достигнавме врвот на оваа појава – рече Ардерн.
Тоа е прво заклучување на национално ниво во Нов Зеланд од март 2020 година, кога целата земја шест недели имаше воведено највисоко ниво на ограничувања.
Нов Зеланд, земјата со пет милиони жители, од почетокот на пандемијата досега има пријавено околу 2.700 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.