САД забележа нов рекорден пораст на дневниот број на заболени од ковид-19. Во последните 24 часа регистрирани се 34. 700 новозаболени од коронавирусот, што е највисока бројка по оние кон крајот на април. Ваквиот раст на евидентирани новозаболени се должи на драстичното зголемено тестирање, но здравствените власти се загрижени поради новите бројки затоа што од април бројот на новозаболени се намалуваше.

Гувернерот на Тексас ги повика граѓаните да останат дома, затоа што се соочуваат со „масовно ширење на вирусот“ додека гувернерот од Аризона апелираше граѓаните да носат маски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.