Во Франција денес се случи уште еден напад во градот Авињон откако исламист со нож викајќи „Алаху акбар“ ја нападнал полицијата.
Мажот нападнал група полицајци кои патролирале по улиците на Авињон. Полицајците отвориле оган и го ликвидирале напаѓачот.

Нападот се случил во 11:15 часот по локално време, пренесува РТ, а според француските медиуми напаѓачот пред да ги нападне полицајците извикал „Алаху акбар“ (Бог е голем).

Нападот се случил два часа по нападот во Ница во кој три лица го загубија животот, а полицијата нападот го води како терористички чин.

Во Авињон, исто како во Ница, е отворена истрага, а на терен се антитерористички единици



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.