Американскиот претседател Џо Бајден ја напуштил програмата во живо пред водителката да успее да ја одјави емисијата и да најави реклами.

Камерите останаа уклучени кога Џо Бајден одеднаш стана, ја подаде раката на водителката Никол Валас, која му се заблагодари што ѝ дал интервју, а потоа незгодно си замина.

Не одете никаде, им рече Валас на гледачите на MSNBC додека Бајден поминуваше зад неа.

Невообичаено е гостите да го напуштат сетот пред домаќинот да објави пауза за реклами.

Видеото на кое Бајден си заминува, очигледно несвесен дека програмата е во живо, брзо стана вирално.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.